Стајиќ останува во Битола, потпиша на уште две сезони со Пелистер!

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец, Бобан Стајиќ (27 години), не мрда никаде од Битола, откако денеска го обнови договорот со екипата на Пелистер и тоа за следните две години.

Тој беше еден од најдобрите во зелено-белиот табор минатата сезона, во која пелистерци беа најдобри во регуларниот дел од сезоната, но испаднаа во полуфиналето од плејофот, како и во четвртфиналето од Купот на Македонија. Стајиќ во кариерата има играно за МЗТ Скопје, Лирија, Фени индустри, Куманово, Работнички и за Кожув, пред минатото лето да потпише за Пелистер.

Искусниот плејмејкер на 22 средби одиграни сезонава просечно реализираше 11,5 поени, 2,7 скока и 5,7 асистенции.