Србиновски поднесе оставка, Јончевски седнува на клупата на Гостивар!

Неочекуваниот пораз од младите кошаркари на МЗТ Скопје УНИ Банка донесе промени на клупата на Гостивар, откако, по средбата оставка поднесе тренерот на екипата, Марјан Србиновски.

Поранешниот селектор бил максимално разочаран од односот на своите играчи и тоа не само во поразот од „штркчињата“ од Аеродром, кој беше шести во последните осум меча, туку и во претходните неколку средби, поради што на управата ѝ понудил прекин на соработката. Според информациите до кои дојдовме, оставката на Србиновски била прифатена со тешко срце, со што што тој го предводеше овој тим од 2017 година до денеска, а веднаш бил пронајден и неговиот наследник.

Станува збор за Александар Јончевски, кој пред неколку дена си замина во таборот на Кожув поради „концепциски разлики со управата на клубот“, за кого се очекува во скоро време да биде промовиран во нов предводник на гостиварци. Тој е поранешен шампион со МЗТ Скопје, а има работено и како помошник во стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија.

Брзината на потезите на управата на клубот се инспирирани од фактот што Гостивар веќе задутре треба да го пречека МЗТ Скопје во меч кој е исклучително важен за клубот во борбата за пласман меѓу осумте екипи кои ќе продолжат во плејофот.