
Работнички сака да доминира под кошевите - донесе центар од 211 сантиметри!
Се работи за Џејкоб Хатсон кој во Македонија доаѓа директно од НЦАА каде минатата сезона играше за Универзитетот Северна Ајова.
Хатсон е висок 211 сантиметри, а во последната сезона имал просек од 11,7 поени, 4,4 скокови и шут од игра 47,5%.
Пред Хатсон, Работнички се засили со македонските кошаркари Борјан Стојаноски и Филип Наков, како и Американците, Брет Томпсон и Џордан Онил.
Новиот тренер, Владимир Мирковски на располагање ќе ги има и Стојан Ѓуроски, Виктор Ефремовски и Дамјан Робев кои останаа во клубот.