Работнички почна со победа: Центрите на центарци го решија Куманово (ФОТО)

Работнички ја почната новата 2020 година со победа откако го реши тимот на Куманово (77-72) со многу подобра игра во второто полувреме во меч од 12. коло од македонската Прва лига.

Центарци го почнаа многу добро мечот на домашен терен, па речиви во текот на целата прва четвртина имаа предност, но гостите од Куманово направија пресврт од 23-22. Во продолжение од првото полувреме се водеше голема борба на паркетот, а екипите се менуваа во водство, по што Куманово имаше предност од 38-37.

Во второто полувреме Работнички заигра за нијанса подобро од нивниот ривал, па третата четвртина ја добија со 16-13, со што му избегаа на противникот и предноста ја одржуваа во текот на последниот период од играта за на крајот да слават со конечни 77-72.

Во победничкиот тим најмногу се истакнаа највисоките, меѓу кои Младеновски со 14 поени, Николовски постигна 19, а Мијатовиќ го заврши натпреварот со 11 поени.

Кожув славеше на гостувањето во Кавадарци многу полесно од очекуваното и тоа со убедливи 91-68, па така ја запиша осмата победа во сезоната во лигата.

Во последниот натпревар за денеска Пелистер триумфираше против ФМП Академија (68-58), а најефикасен во триумфот на Битолчани беше Мекиќ со 15 поени, додека Херис кај домаќините постигна 22 поени.