Работнички почна моќно – го прегази претпоследниот освојувач на Купот (ФОТО)
Крајниот резултат не дава реален однос на силите, со оглед што центарци беа доминантни од почетокот до крајот, а прашањето на победникот го решија уште по првите пет минути по кои беше 13-2. Домаќинот првата четвртина ја доби со плус 15 (24-9), за газењето да биде најизразено во третиот период во кој избраниците на Димитар Мираковски имаа предност од дури 27 поени (60-33). Потоа следуваше опуштање и шанса за помладите, што претпоследниот освојувач на Купот на Македонија го искористи за да ја спушти разликата на нешто поприфатлива негатива.
Американецот Квентин Декоси со 14, поени, шест скока и шет асистенции беше прво име кај Работнички, каде што одлично одиграа уште Ѓорѓи Џелетовиќ со 13 поени и 10 скока и Стојан Ѓуроски со 12 поени и девет скока. Алан Бернард Луис со 21 поен беше најдобар кај ТФТ.
Вечерва се игра уште еден меч и тоа помеѓу Чаир 2030 и Феникс, додека останатите средби од првата рунда на програмата се претстојниов викенд.