Продолжува егзодусот во Работнички, замина и Ѓуроски

Екипата на Работнички ќе се раздели и со Стојан Ѓуроски кој го напушта клубот по две ипол години, а кариерата ќе ја продолжи во редовите на Куманово.

Ѓуроски е само уште еден од плејадата кошаркари кои среде сезона си заминаа од 15-кратниот шампион на Македонија и им се придружи на странците кои го напуштија клубот.

Во претходните сезони Ѓуроски важеше за еден од носителите на играта на Работнички и неговото заминување сигурно ќе му ја отежни работата на тренерот Владимир Мирковски.

Ѓуроски во својата кариера беше дел од: Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Блолотехна и Пелистер во земјава, како и Левски, Хуеска, Мелиља, Аликанте и Оуренсе во Шпанија и Евре во Франција, а дресот на Куманово ќе го облече за првпат.

Работнички пак во меѓувреме го обнови кадарот со ангажманот на 29-годишниот Лука Петровски.