
Познати двојките во Купот, едно е веќе сигурно – ќе нема финале помеѓу МЗТ и Работнички!
Изедначеноста на сите досегашни средби донесе многу егал-ситуации на табелата, речиси буквално за секоја позиција, поради што комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, ќе мора со „шублер“ да премерува за да го одреди пласманот, а со тоа и осминафиналните двојки. Единствен што не ја дели позицијата е тимот на МЗТ, додека буквално до последните место има пет ситуации на делба на позции на табелата, од кои четири со по два тима и една со три.
Првиот поглед на табелата говори дека уште од сега е јасно дека дуел помеѓу најлутите скопски ривали, МЗТ и Работнички е можен само во полуфиналето, како и тоа дека не очекуваа две пеколни осминафинални средби. Гостиварци поради победата над Пелистер првиот дел го завршуваат како втори, а истото важи за Работнички во егал-ситуацијата со ТФТ, што и не е претерано важно бидејќи овие два тима во обете варијанти ќе играат помеѓу себе. Еуро Никел е пред Феникс поради меѓусебната победа, додека Кожув го фати последниот воз за куп-завршницата поради подобриот кош-количник во меѓусебните дуели со Чаир 2010 и Академија ФМП во кои секој до трите тима има скор 1-1.
Завршниот турнир традиционално се игра кон средината на февруари, а кој и каде ќе го организира ќе се дознае до крајот на јануари. Бранител на трофејот е ТФТ.
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје 10-1, Гостивар 8-3, Пелистер 8-3, Работнички 7-4, ТФТ 7-4, Еуро Никел 6-5, Феникс 6-5, Кожув 3-8, Чаир 4-7 (-1), Академија ФМП 3-8, Куманово 2-9, Струмица 2-9.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
(1) МЗТ Скопје - Кожув
(2) Гостивар – Феникс 2010
(3) Пелистер – Еуро Никел
(4) ТФТ - Работнички
ПОЛУФИНАЛЕ
(5) Победник 1 – Победник 4
(6) Победник 2 – Победник 3
ФИНАЛЕ
Победник 5 – Победник 6