Последната фотографија на еден од загинатите кај Карпалак е од дербито за кое живееше цел Гостивар! (ФОТО)

Македонија веќе втор ден е потресена од стравичната несреќа кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово во која се преврте автобус кој сообраќал кон Гостивар и во која загинаа 14 лица, а уште 30-тина се повредени.

Кошаркарскиот спорт во оваа трагедија загуби свој член, играчот на второлигашот од овој град, Јовица Трпевски, но и еден голем навивач на прволигашот Гостивар, Дејан Ристоски. Токму последната фотографија направена со неговиот мобилен телефон е од големото дерби во кое гостиварци го пречекаа вицешампионот МЗТ Скопје. Тоа беше дерби дуел, одигран три дена пред трагичниот настан, за кој живееше цел Гостивар, а на кој правдата ја делеше неговиот братучед, македонскиот судија со знак на ФИБА, Александар Милојевиќ.

Токму тој ја објави оваа фотографија и на тој начин простувајќи се од Дејан со спортот кој меѓу другото ги поврзуваше двајцата.