Поранешен репрезентативец ќе се проба меѓу дамите – клупата на Баскет Кам!

Некогашниот македонски репрезентативец, Златко Гоцевски, првпат ќе се проба во женската кошарка, откако беше промовиран во прв тренер на освојувачот на Купот на Македонија и вицешампион, Баскет Кам.

За него ова воедно ќе биде и прва тренерска работа во сениорска кошарка, со оглед што досега водеше екипи само во младинска конкуренција. Гоцевски својот играчки опус го почна во Кочани Деликатес, а во две децениската кариера настапуваше за екипи како МЗТ Скопје, Вардар, Струмица, Фени индустри, Работнички, бугарски Јамбол, косовски Пеќ и исландски Кефлавик. Негов последен клуб беше Блокотехна пред пет години.

На клупата на Баскет Кам доаѓа на местото на Јордан Цветановски, кој ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на клубот.