Бразилец го елиминираше Рубљов од Австралија Опен! (ВИДЕО)

Русинот Андреј Рубљов рано го заврши настапот на Австралија Опен откако денес беше изненаден од Бразилецот, Жоао Фонсека.

Не само што Фонсека го победи Рубљов туку и доминираше на теренот без да му дозволи да освои сет. 

Сите три сета му припаднаа на младиот Бразилец со 7-6, 6-3, и 7-6. Противник на Фонсека во второто коло ќе му биде Лоренцо Сонего од Италија кој го елиминираше ветеранот и поранешен шампион од Мелбурн, Стен Вавринка.

Инаку, Фонсека кој има 18 години минатата година настапи на турнирот за млади тенисер до 21 година и успеа да го освои.