Питс блесна со 32 поени во триумфот на Работнички над Куманово

Работнички со голем пресврт во второто полувреме го совлада тимот на Куманово со 79-72 во заостанатиот меч од седмото коло во рамки на македонската кошаркарска Суперлига.

Куманово имаше фантастичен почеток на натпреварот со серија од 13-0, по што на средината на првата четвртина почна да се буди Работнички, кој ја стопи разлика на само два поени (20-22). Гостите не се предадоа до крајот на првото полувреме, па го зачуваа водството од два разлика (37-39) на паузата пред вториот дел.

Работнички со мини-серија од 7-0 направи пресврт (44-39) во третата четвртина, но Куманово не се предаваше, па се избори за уште израмнување на 53-53. Сепак, гостите почнаа да го губат здивот на паркетот, а грешките ги казнуваше домаќинот и славеше со 79-72.

Најдобар во таборот на Работнички беше Ерик со 32 поени, додека кај Куманово најефикасен беше Бранислав Џекиќ со 25 поени.

Ова за Работнички е деветта победа во првенството, додека Кумановци го запишаа шестиот пораз.