Перо Блажевски се враќа на работа - ќе го тренира Гостивар!
Блажевски го имаше својот последен ангажман во тимот на Маџари во 2023 година кога работеше како помошник, претходно ги водеше Кожув во 2022 година и МЗТ Уни Банка во сезоната 2021/22, а работеше и како асистент во Струмица, Работнички и во македонската репрезентација.
Интересно е тоа што своето деби на клупата, Блажевски ќе го има против МЗТ Скопје, во чиј дрес играше неколку сезони во кариерата.
Гостивар по 14 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место со три победи и дури 11 порази во Суперлигата.