Новата сезона почнува со пресметка на најголемите фаворити за титула!

Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) одржа заеднички состанок со Здружението на прволигашите на кој беше извршена ждрепката за новата сезона која ќе почне со големото дерби меѓу Пелистер и МЗТ Скопје, а притоа беа утврдени натпреварувачките броеви за сезоната 2021/22.

Во првото коло од кошаркарската Прва лига во сезоната 2021/22, кое е закажано за 2 и 3 октомври ќе се соочат големите ривали Пелистер и МЗТ Скопје, додека останатите парови се:

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Еуро Никел 2005 – Гостивар

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Куманово 2009 – Ангели

Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП

Кожув - ТФТ

Учесниците во македонската кошаркарска лига ги добија следните натпреварувачки броеви:

1.МЗТ Скопје Уни Банка

2.Еуро Никел 2005

3.Пелистер

4.Куманово 2009

5.Феникс 2010

6.Навико Академија ФМП

7.Работнички

8.Гостивар

9.МЗТ Скопје Аеродром

10.Ангели

11.Кожув

12.ТФТ