МЗТ Скопје се „подмлади“ со 15-годишен талент од младинската школа!

Екипата на МЗТ Скопје најави продолжување на трендот давање шанса на големи таленти од младинската школа, откако денеска го промовира префрлањето во сениорскиот тим на 15-годишниот Бојан Величковски.

Станува збор за голем талент и македонски кадетски репрезентативец, од кого очекуваат многу во „Јане Сандански“. Тој сега потпишал тригодишен договор за стипендирање до неговото полнолетство, по што ќе ја парафира и првата професионална соработка со сино-белите од Аеродром

Без разлика на својата возраст, Величковски веќе дебитираше во дресот на МЗТ Скопје и тоа на неодамнешниот пријателски турнир во Лесковац, каде што доби завидна минутажа.