МЗТ Скопје ја почнува сезоната во Гевгелија, Гостивар ќе го пречека Пелистер

Денеска се одржа ждрепката во Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) и беше одреден распоредот на натпревари за сезоната 2023/24, која официјално ќе почне на 29 септември.

Шампионот МЗТ Скопје ќе ја почне сезоната со гостување кај Кожув во Гевгелија, додека вицепрвакот Пелистер гостува кај Гостивар.

Работнички го чека дуел против ТФТ, Чаир ќе се пресмета со Феникс, додека на останатите дуели Академија Пандев ќе го пречека Еуро Никел, додека Охрид гостува кај Вардар.