МЗТ продолжи да се засилува – по Војдан и Дамјан промовираа бек-шутер од САД!
Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапувал. Слај добро ги знае приликите во АБА2-лигата во која ќе игра македонскиот шампион, со оглед што минатата сезона ја мина во дресот на Подгорица каде што реализираше по речиси 15 поени. Тој претходно одигра две години во Грузија во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет.
Покрај браќата Стојановски, актуелен договор со МЗТ имаат уште и Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, со најава за промоција на нови засилувања во следниот период.