МЗТ почнува со Куманово, Работнички со ФМП, а вечното дерби е во – последното коло!

Со денешната ждрепка во просториите на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) и официјално е потврдено дека во новата сезона во Првата лига ќе играат 11 екипи и воедно е одреден комплетниот распоред за првата фаза од шампионатот во која ќе има 22 кола, но во која секоја од екипите ќе одигра 20 натпревари.

Бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје првенството ќе го почне на домашен терен против Куманово, додека вицешампионот Работнички ќе му биде гостин на дебитантот Академија ФМП. Вториот тим на „металците“ ќе почека на првиот прволигашки дуел со оглед што е слободен на стартот, а дербито ќе се одигра помеѓу амбициозните летово Кожув и АВ Охрид. Еуроникел (поранешен Фени индустри) ќе го пречека Гостивар, додека Вардар ќе му биде домаќин на Пелистер.

Ждрепката посака најголемото дерби во македонската кошарка помеѓу МЗТ Скопје и Работнички да се одигра по последното коло од двете фази односно во 11. и 22. коло, кога можеби ќе го даде одговорот кој од овие два тима ќе влезе како првопласиран во Суперлигата. Првата средба ќе се одигра на теренот кој центарци ќе го пријават за домашен, ако на сила остане забраната за играње во „Градски парк“, додека реваншот ќе биде во „Јане Сандански“.

Првиот историски меч на две екипи од исти клуб ќе се одигра во 7. коло кога актуелниот шампион ќе ги пречека своите младинци кои сезонава ќе играат за МЗТ Скопје 2. Новата сезона почнува на 5 октомври.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1. КОЛО:
Академија ФМП - Работнички
Еуроникел - Гостивар
Кожув - АВ Охрид
Вардар - Пелистер
МЗТ Скопје - Куманово
МЗТ 2 слободен

2. KOЛО
Пелистер - Кожув
Работнички - Вардар
Гостивар - МЗТ Скопје
АВ Охрид - МЗТ 2
Куманово - Академија ФМП
Еуроникел слободен

3. КОЛО
Академија ФМП - Гостивар
Еуроникел - АВ Охрид
Кожув - Вардар
Работнички - Куманово
МЗТ 2 - Пелистер
МЗТ Скопје слободен

4. КОЛО
Кожув - МЗТ 2
Вардар - Куманово
Пелистер - Еуроникел
Гостивар - Работнички
АВ Охрид - МЗТ Скопје
Академија ФМП слободна

5. КОЛО
Академија ФМП - АВ Охрид
Еуроникел - Кожув
МЗТ Скопје Пелистер
Куманово - Гостивар
МЗТ 2 - Вардар
Работнички слободен

6. КОЛО
Кожув - МЗТ Скопје
Вардар - Гостивар
Пелистер - Академија ФМП
АВ Охрид - Работнички
МЗТ 2 - Еуроникел
Куманово слободен

7. КОЛО
Академија ФМП - Кожув
Еуроникел - Вардар
МЗТ Скопје - МЗТ 2
Работнички - Пелистер
Куманово - АВ Охрид
Еуроникел слободен

8. КОЛО
Еуроникел - МЗТ Скопје
Кожув - Работнички
Пелистер - Куманово
АВ Охрид - Гостивар
МЗТ 2 - Академија ФМП
Вардар слободен

9. КОЛО
Академија ФМП - Еуроникел
МЗТ Скопје - Вардар
Работнички - МЗТ 2
Гостивар - Пелистер
Куманово - Кожув
АВ Охрид слободен

10. КОЛО
Еуроникел - Работнички
Кожув - Гостивар
МЗТ Скопје - Академија ФМП
Вардар - АВ Охрид
МЗТ 2 - Куманово
Пелистер слободен

11. КОЛО
Академија ФМП - Вардар
Работнички - МЗТ Скопје
Гостивар - МЗТ 2
АВ Охрид - Пелистер
Куманово - Еуроникел
Кожув слободен