Младински репрезентативец го напушти Работнички и се пресели во – Куманово!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Стеван Глигоријевиќ (23 год, 205 см) реши да го напушти тимот на Работнички и кариерата да ја продолжи во – Куманово.

Станува збор за крилен центар, кој не доби поголема шанса од тренерот Димитар Мираковски минатата сезона во дресот на центарци, поради што реши да си ја побара среќата малку посеверно. Тој настапи на 13 средби за црвено-белите со просек од 3,6 поени и 3,9 скока.

Глигоријевиќ претходно има играно за екипите на АВ Охрид и на Блокотехна.