Кожув го „закова“ Црн Дрим на дното и ги одржа шансите за плејоф

Кожув без многу проблеми го совлада тимот на Црн Дрим со 97-73 и така ги задржа шансите за плејоф во кошаркарскиот шампионат.

Гевгеличани тргнаа фуриозно против последнопласираниот тим на табелата, па по седум минути игра нивното водство изнесуваше 21-11, додека на полувреме Кожув замина со 51-44.

Доминацијата на домашните кошаркари продолжи и во второто полувреме, а нивната предност постојано растеше и во самата завршница на мечот достигна високи +28 (94-66), по што Црн Дрим успеа да го намали поразот (73-97).

Најдобар во победничкиот тим беше Марко Симоновски со 24 поени, а толку постигна и Жоао Марсело на спротивната страна.

Кожув во моментов има девет победи и 11 порази, додека Црн Дрим има само еден триумф и дури 18 порази.