КФМ ѝ донесе на Македонија организација на Европската конвенција за минибаскет!

Кошаркарска федерација на Македонија (КФМ) ќе биде домаќин на 11. издание на Европската конвенција за минибаскет (за деца на возраст од 4-8 години), кој во соработка со ФИБА Европа и Фондација ФИБА ќе се одржи во Скопје во периодот од 4. до 7. јуни.

Настанот ќе обедини тренери, едукатори и спортски работници од повеќе европски земји, кои секојдневно работат со најмладите кошаркари и кошаркарки. Главната цел на конвенцијата е преку размена на искуства, современи методологии и практични примери да се унапреди работата со децата и да се поттикне нивниот правилен спортски развој.

Во текот на четирите дена ќе се одржуваат предавања, работилници и практични демонстрации под водство на реномирани меѓународни експерти, а учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења за подобро воведување на кошарката кај најмладите, како и за промовирање здрави животни навики и спортски вредности. Практичниот дел од програмата ќе се реализира во Лазар Лечиќ, додека завршницата ќе биде заокружена со голем минибаскет фестивал на Кејот на Вардар.

На фестивалот се очекува учество на повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку игра, дружење и спортски активности ќе ја прослават љубовта кон кошарката. Оваа конвенција претставува уште едно признание за напорите што се вложуваат во развојот на младинската кошарка во Македонија и потврда за довербата што европските кошаркарски институции ја имаат кон македонската федерација.

МИНИ БАСКЕТ КОНВЕНЦИЈА – СКОПЈЕ 2026
 
РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИ
 
4 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)
 
14.30-14.50: Претставување на Мини баскет конвенцијата - Мајкл Шварц (ФИБА Европа) – Хотел „Александар палас“- Скопје
 
14.50-16.00: Предавање: „Што е мини баскет“ – Маурицио Кремонини – Хотел „Александар Палас“ – Скопје
 
16.15-18.00: Предавање: „Развој на децата – Методолошки импликации“ – Мариус Хут – Хотел „Александар палас“ – Скопје
 
18.30-19.30: Дискусии (прв дел) – Хотел „Александар палас“ – Скопје
 
19.40-20.40: Дискусии (втор дел) – Хотел „Александар палас“ – Скопје
 
5 ЈУНИ (ПЕТОК)
 
09.00 – 10.30: Тренинг за деца на возраст од 5-7 години (почетници) – Маурицио Кремонини – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
10.45 – 12.15: Тренинг за деца на возраст од 8-9 години (средно ниво) – Милена Мулисова – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
14.30 – 16.00: Тренинг за деца на возраст од 10-12 години (напредно ниво) – Мариус Хут – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
16.15 – 17.45: „Поенти за учење групна тактика - напад“ – Милена Мулисова – спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
18.00 – 19.00: Дискусија – трет дел
 
19.15 – 20:15: Дискусија – четвртти дел
 
6 ЈУНИ (САБОТА)
 
09.15 – 10.30: Предавање: „Програма за прогресија во наставата“ – Серхио Лара-Берсиал – хотел „Александар палас“ – Скопје / Универзитет „Јахија Кемал“ – Скопје
 
10.45 – 12.00: Предавање: „Планирање на вежби за трчање во мини баскет“ – Милена Мулисова - хотел „Александар палас“ – Скопје / Универзитет „Јахија Кемал“ – Скопје
 
14.00-14.30: „Introduction to Hoops For Schools Program“ - спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
14.30 – 15.00: „New additions to basketball for good playbook“ - спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
15.00 – 16.00: „Safeguarding“ - спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
16.30 – 17.30: „Mini basketball Festival planning (led by delegates)“ - спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
17.30 – 18.30: „Festival rehearsal& Debrief“ - спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
7 ЈУНИ (НЕДЕЛА)
 
09.00 – 10.00: Финални подготовки за Мини баскет – регистрација - Спортска сала „Лазар Лечиќ“ – Скопје
 
10.00 – 12.00: МИНИ БАСКЕТ ФЕСТИВАЛ – терени на кеј на Градска плажа во Скопје
 
12.00 – 12.30: ЦЕРЕМОНИЈА - ЗАТВОРАЊЕ - терени на кеј на Градска плажа во Скопје