Хрватски талент професионалната кариера ќе ја почне во - Кожув!

Хрватски талент Антун Маричевиќ денеска договори соработка со Кожув. 23-годишниот кошаркар потпиша „отворен“ договор, според кој до 20 август може да го раскине и да потпише за друг тим.

Хрватскиот центар ја почна кариерата во Рекорд, по што на 14 години се пресели во Цибона од Загреб, а на крајот заврши во НЦАА-лигата во САД.

Маричевиќ играше во НЦАА Д1-лигата за екипата на Јужна Флорида, а во минатата сезона во просек на натпревар постигнуваше по четири поени и три скокови.