Дури и најдобрите му се поклонуваат на Македонецот кој не игра(ше) за националниот тим (ФОТО)

Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс, уште еднаш ја потврди својата класа откако беше избран за МВП на финалето од престижниот Еврокуп каде што триумфира неговиот Париз со триумфот над Бурж со 2-0 во победи, кој, пак, значеше место во Евролигата следната сезона.

Тој претходно беше прогласен за МВП на целото натпреварување, а ова се само неколку од бројните награди во оваа и во минатата сезона, бидејќи собра еден куп признанија во Лигата на шампионите на ФИБ и во Бундеслигата настапувајќи во дресот на Телеком Бон. Сето ова го „примора“ кошаркарот на Басконија, Цима Монеке, со објава на социјалните мрежи да му оддаде големо признание. Тој покрај сите достигнувања напиша само Ти-Џеј Шортс со емотиконот кој означува ГОАТ (најдобар на сите времиња).

Плејмејкерот во кариерата играше и за Вентспилс, Хамбург и Краилсхајм. Од 2022 година има право да настапува за Македонија, за која веќе имаше четири феноменални настапи во претквалификациите за ЕП 2025, кои ги минавме само поради неговите партии. Шортс, сепак, не се најде во националниот тим на стартот од квалификациите за следниот континентален собир, бидејќи игра на иста позиција со Ненад Димитријевиќ, со кого би морал да ја дели минутажата.