ТФТ славеше на гостувањето кај Вардар со со минимални 100-99 во рамки на единствениот натпревар од 6.коло во Првата кошаркарска лига. 

Во малата сала на „Кале“, натпреварот имаше вистинска драматична завршница. Иако се чинеше дека дебитантот во елитата, ТФТ лесно ќе дојде до победата, бидејќи во третиот период имаше висока предност од 16 поени, но така не мислеа домаќините. „Вардарци“ одиграа одлично во последниот период, па го направија финишот исклучително интересен. Во последните секунди од натреварот гостите погодија две слободни фрлања преку Тајрон Херис за 100-99, а последниот напад го имаа домашните, но не погодија преку Џуниус Провел.

Токму Провел одигра фантастичен меч за Вардар и постигна 38 поени, но и тие не беа доволни за победа. И во редовите на ТФТ доминираа американските кошаркари Ландриус Хортон со 28 поени беше најефикасен, Лалан Андерсон реализираше 25, додека Тајрон Херис имаше еден помалку.