Чкембари се солидализираат со ЦПБ и со Фемили - вечерва нема да навиваат!

Навивачката група Чкембари вечерва нема да навива на мечот меѓу Пелистер и Еуроникел во Купот на Македонија во знак на протест против одлуката за забрана на гостувањето на ЦПБ и Фемили.

Чкембари се против забраните за присуство на гостински навивачи и поради тоа се солидаризираа со ЦПБ и Фемили.

„Во знак на протест против одлуката за забрана на гостување на ЦПБ и Фемили и солидарност со сите навивачи, денес Чкембари нема да навиват 1/4 на нашиот полуфинален дуел. Никој не смеј да забрани присуство на било кој навивачки групи на куп натпреварување. Купот е на сите, а честа за организација на истиот ја имаме ние ова година. Битола е спремна и можи да биди подобар домаќин од ова. Доколку не се смени одлуката, ќе се примени протестот. Стоп за забраните за навивачи“, соопштија Чкембари.