Чаир по голема драма го надигра Тиквеш
Двете екипи понудија големи возбудувања од стартот, а првото полувреме заврши во корист за Чаир од 43-37.
Тиквеш во третата четвртина успеа да ја анулира негативата и да израмни (56-56), по што следеше неизвесна завршница во која успеа да се израдува Чаир со 77-76.
Најефикасен кај Чаир беше Билингсли со 24 поени и 14 скокови, додека Минси запиша 20 поени за Тиквеш.
Двете екипи по 15 одиграни меча имаат по шест победи и девет порази.