Чаир немоќен, Работнички со одлично издание до гостинска победа
Работнички заслужено стигна до победата бидејќи домаќините во ниту еден момент не беа во предност. Брзо уште во првата четвртина Работнички дојде до двоцифрена предност (16-26).
Продолжи Работнички со добрата игра и во вториот период, па така на пауза замина со предност од 47-55.
Третиот период донесе подобра игра на Чаир, па така во финишот домаќините стигнаа и до израмнување (72-72). Работнички сепак со тројка во последните минути обезбеди предност во завршниот период.
Се држеше Чаир и во последниот период, меѓутоа во финишот Работнички сепак беше подобар и стигна до победата.
Најефикасен на натпреварот беше Диванте Морис со 34 поени, додека за Работнички Ефремовски ја заврши средбата со 29 поени, Ѓуроски уфрли 19.