Здодевно е во Ф1: Ферстапен победи и во последната спринт-трка во сезоната!

Најдобриот возач на денешницата, Макс Ферстапен, триумфира на спринт-трката на Големата награда на Бразилм која вечерва се возеше за патеката „Интерлагос“.

Холанѓанецот стартуваше од втората позиција, позади Ландо Норисм кој ја освои пол-позицијата за спринтот, но уште на првиот свиок го презеде водството и не го испушти до крајот од трката. Покрај Ферстапен на подиумот се најдоа уште и Норис, кој заврши како второпласиран и вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез. Бодови освоија уште и Расел, Леклер, Цунода, Хамилтон и Саинц.

Главната трка за ГН на Бразил се вози утре во 18 часот по македонско време.