Чави по поразот од Жирона: Ова не го менува планот, ќе останам во Барселона!

Барселона вчера доживеа болен пораз од 2-4 против Жирона, со што му овозможи на Реал Мадрид да го освои пехарот од Ла Лига на четири кола пред крајот на сезоната.

Болниот пораз на Барселона доаѓа во непријатен момент откако претходно Чави Ернандез реши дека ќе остане во каталонскиот гигант, па новинарите ги интересираше дали неуспехот ќе му го промени планот.

„Поразот против Жирона не го менува планот, ќе останам во Барселона и следната сезона“, кажа Чави.

Чави требаше да замине од Барселона на крајот на сезоната, но по разговорите со претседателот Жоан Лапорта се премисли и реши да остане во тимот.