Втора сезонска победа на Морбидели: Борбата за титулата е уште понеизвесна

Возачот на Јамаха Франко Морбидели славеше на трката во Арагон во Мото ГП шампионатот. Ова е втор викенд по ред како се вози на оваа патека, а денеска Италијанецот дојде до својата втора победа сезонава. 

Тој го искористи излетувањето на освојувачот на пол-позицијата Такаки Накагами уште во првиот круг и успеа да стигне до триумфот со две секунди предност пред двајцата возачи на Сузуки, Алекс Ринс и Жаон Мир. Особено беше импресивно возењето на Мир, кој трката ја почна од 12-тото место и успеа да стигне до подиумот.

Во најдобрите 10 финишираа Пол Еспаргаро, Жоан Зарко, Мигел Оливеира, Маверик Вињалес, Фабио Квартараро, Икер Лекуона и Данило Петручи. 

Мир сега на врвот на табелата во генералниот пласман има 137 бодови, односно 12 повеќе од вторпласираниот Фабио Квартараро, додека трет е Маверик Вињалес со 118, додека четврти е денешниот победник Морбидели со 112 бодови. 

И следната трка во Мото ГП се вози во Шпанија за Големата награда на Европа на патеката „Рикардо Тормо“ на 8 ноември.