Возбудлив финиш во Бахреин: Хамилтон се одбрани од нападите на Ферстапен

Новата сезона во Формула 1 почна со трката за Големата награда на Бахреин на која триумфираше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, кој во возбудлив финиш се одбрани од нападите на неговиот противник од Ред Бул, Макс Ферстапен.

Ферстапен имаше водство во голем дел од трката, но Хамилтон излезе пред него и потоа успешно се бранеше, иако на неколку круга пред крајот возачот на Ред Бул го мина неговиот ривал, но потоа не успеа да ја задржи првата позиција.

Третата позиција му припадна на Валтери Ботас, кој имаше и најбрзо време на трката, со што освои и дополнителен бод, а по него следат Норис, Перез, Леклер, Рикардо, Саинц, Цунода и Строл во топ-10.