Возачот од Ф2 кој беше тешко повреден на СПА останува во критична, но стабилна состојба

После хоророт на белгиска СПА Франкошамп во Формула 2, каде загина Ентони Хубер, младиот француски развоен возач на рено, вториот тешко повреден возач Хуан Мануел Кореа останува во критична, но стабилна состојба една недела после тешкиот инцидент.

Кореа после судирот со Хумер, кој прво при голема брзина на најдолгиот правец удри во заштитната одграда, а потоа во болидот на американецот со колумбиско потекло беше експресно пренесен во болницата во Лиеж, а оттаму сега е во болница во Лондон..

„Кореа е 'критично, но стабилно', во индуцирана кома е“, рекле родителите на младиот возач за „Би Би Си“.

Тој има тешки повреди на рбетот, а и скршени две нозе.

„Убедени сме дека нашиот син ќе не изненади како и секогаш. Сакаме да му изразиме сочуство на семејството на Хубер за големата загуба. Нашите срца се скршени и можеме само да замислиме колкава болка им нанесе таа загуба“, додаваат родителите, верувајќи дека со неговиот борбен дух ќе се избори да излезе од тешките проблеми.

Инаку Кореа во Лиеж имаше четиричасовна операција пред да биде префрлен во Лондон, каде пак се соочи со ресираторни проблеми.

„Хуан Мануел моментно е на интензивна нега, специјализирана за респираторни проблеми. Моментно е во индуцирана кома“, објавија од болницата во Лондон.