„Вотсон го прашав како ми изгледа лицето, а тој ме излажа дека не е толку лошо“

Поранешниот возач во Формула 1, Ники Лауда почина утринава, по 44 години откако првпат погледна во очите на смртта.

Тогаш Лауда, на самиот почеток на трката во Нирбургринг, беше заробен во своето запалено Ферари. За да бидат работите уште полоши, тој немаше ниту кацига, која му испадна од глава по ударот во заштитната ограда.

Неговиот живот го спасија колегите, кои ги паркираа болидите во близина на неговиот, па го извлекоа од запалениот болид.

Една година потоа Лауда ја објави приказната за несреќата. Во моментите на несреќата тој поминувал низ вистински пекол, а најмногу се плачел да не остане слеп.

„На крајот Мерцарио, Ертл и Лунге ме извлекоа од болидот. Ирецот Џон Вотсон клекна покрај мене и ми ја придржуваше главата, а јас го прашав како изгледам, по што тој ме излажа дека не е толку лошо“, открил Лауда.

Сепак, вистинскиот пекол за него почнал кога бил пренесен во болница. Тогаш почнал да ги чувствува болките, а очите почнале да му создаваат проблеми.

„Како што реков, моите сеќавања почнуваат од летото на хеликоптерот. Лежев на грб и го прашав докторот покрај себе каде летаме. Уште не чувствував никаква болка. Докторот ми кажа дека за 45 минути ќе бидеме во одлична клиника. Инекциите ме држеа во живот. Не забележав дека слетавме, но потоа ми се појавија црните мисли. Што ако засекогаш останам слеп. Почнав да се плашам и да чувствувам големи болки“, открил легендарниот возач.

За среќа такво нешто не се случи, па Лауда го задржа својот вид, а седум дена по несреќата Лауда им се врати на трките и победите.