Вилијамс го прикажа новиот изглед на болидот (ФОТО)

Формула 1 тимот Вилијамс мораше да ги менува боите на болидот за сезоната 2020 година, откако поради пандемијата од коронавирусот минатиот месец раскина со главниот спонзор „Рокит“.

Новиот дизајн на боите беше објавен денеска една недела пред официјалниот почеток на сезоната во Австрија на 4 јули. Вилијамс е во финансиски проблеми и е во потрага по генерален спонзор, а челниците се расположени и за целосна продажба на акциите.

Англискиот тим е втор најуспешен во историјата на Формула 1 по бројот на титули кај конструкторите. Изминатите две сезони финишираше на последното место, но Вилијамс има позитивни импресии од февруарските тестирања и верува дека ќе излезе од дното.