Верстапен убедливо најбрз во квалификациите, но Леклер ќе стартува прв во Белгија!

Актуелниот светски шампион во формула 1, Макс Верстапен, доминираше во денешните квалификации, но и покрај тоа утрешната трка за Големата награда на Белгија нема да ја почне од стартната позиција број еден, што е награда за најдоброто време во саботното излегување на патеката.

Причина за ова е казната што Холанѓанецот ја доби поради тоа што неговиот тим Ред Бул петти пат сезонава го променил болидот пред официјалниот тренинг. Верстапен утре ќе стартува од 11. позиција, додека пол-позицијата ќе ја има Шарл Леклер од Ферари кој денеска имаше второ најдобро време. Трет најбрз беше Серхио Перез, кој поради казната на клупскиот колега трката ќе ја почне од втората стартна позиција.

Потоа следуваат Луис Хамилтон, Ландо Норис, Оскар Пиастри, Џорџ Расел, Карлос Саинц, Фернандо Алонсо и Естебан Окон. Трката за Големата награда на Белгија се вози в недела во 15 часот.