Трката во Тајланд е одложена поради силен дожд (ФОТО)

Трката за Големата награда на Тајланд во рамки на Мото ГП шампионатот е одложена на неодредено време поради силниот дожд. 

Претходно трката во Мото 2 беше прекината предвреме, односно откако беа комплетирани две третини од круговите исто така поради силниот дожд. Имаше многу излетувања, па условите станаа премногу опасни за трката да стартува и во најсилната класа во 10 часот утрово по средноевропско време. Засега нема точно време кога би стартувале мотоциклистите. 

Бецеки ја има пол-позицијата, а во првите ред друштво му прават Мартин и Бањаја.