Триумф за Ринс во Арагон, Маркез пак се искачи на подиумот! (ВИДЕО)

Возачот на Сузуки, Алекс Ринг стана осми различен победник сезонава, откако славеше на Големата награда на Арагон, која е 10. трка во Мото ГП шампионатот.

Ринс на патеката го запиша третиот триумф во кралската класа, односно 15. во кариерата, откако денеска се одбрани од нападите на Алекс Маркез на Репсол Хонда. Помладиот од браќата Маркез стигна до вториот подиум во две недели.

На третата позиција заврши вториот возач на Сузуки, Жоан Мир, кој го презема водството во генералниот пласман.

Човекот кој вчера ја освои пол-позицијата Фабио Квартараро имаше ужасна трка, па го освои дури 18. место.