Тимовите од Ф1 ќе се вклучат во борбата против Ковид-19

Тимовите од Формула 1 соработуваат со властите и здравствените работници за да ја зголемат набавката на респиратори во текот на пандемијата на коронавирусот.

Голем дел од екипите работат на пронаоѓање начин за зголемување на производството на респиратори.

„Заедницата од Ф1 е вклучена во разговорите со луѓе главни за овој проблем и ќе се обидат да помогнат“, кажа портпаролот на Ф1.

Спортистите активно учествуваат со помош во борбата против вирусот, а претходно голем потег направи газдата на Јувентус, Андреа Ањели, кој донираше 10 милиони евра