Тежок судир за Ферари на тренинг во Италија - болидот е преполовен (ВИДЕО)

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, доживеа голема незгода на денешниот тренинг на „Монца“ пред утрешната трка за Големата награда на Италија, откако загуби контрола врз болидот и удари директно во заштитниот ѕид на патеката.

Голема среќа е што Шпанецот мина речиси без ниту една повреда, иако неговото возило беше речиси преполовено. Тој воопшто не се врати на стазата до крајот на тренингот, а неизвесен е неговиот настап во спринт-трката преку која ќе бидат определени стартните позиции за утрешното гран-при.

Ова е втора несреќа за Саинц во кратко време, откако беше дел од инцидент и во Холандија на патеката Зандсворт.