Страшен судир го одреди шампионот во Мото ГП (ВИДЕО)

Сезоната во Мото ГП понуди големи возбудувања до самиот крај, а титулата му припадна на Франческо Бањаја, додека неговиот ривал Хорхе Мартин беше трагичар и испадна од трката по судирот со Марк Маркез.

Бањаја тргна од пол-позицијата и го задржа првото место, но одличен беше и Мартин кој од шестата позиција стигна до второто место и најави возбудлив крај, меѓутоа агресивното возење на Шпанецот беше скапо платено.

Мартин имаше преголема желба да го премине Бањаја и се удри во Маркез, по што излета од патеката, а потоа мораше и да се откаже од трката бидејќи се здоби со лесни повреди.