Сопругата на Шумахер ќе го продава нивниот дом во Женева за 5,5 милиони евра!

Корина, сопругата на поранешниот возач Михаел Шумахер, даде оглас за нивниот дом во Женева пред 10 дена, а сега е позната и цената за имотот, која се движи околу 5,5 милиони евра.

Легендарниот возач заедно со сопругата го купи нивното „љубовно гнездо“ во 2002 година, кога тој стана шампион во Ф1 по петти пат.

Цената која ја плати за луксузниот дом изнесуваше 3,5 милиони евра, а имотот има 20.000 квадратни метри.