Сингапур потпиша седумгодишен договор со Формула 1

Големата награда на Сингапур ќе се вози до 2028 година откако организаторот на трката и Формула 1 потпишаа нов договор за продолжување на соработката. 

Трката низ улиците на марината во Сингапур отсуствуваше од календарот изминатите две години поради глобалната пандемија од Ковид-19, но истата се враќа за новата сезона 2022 година.

„Марина беј“ за прв пат беше дел од Формула 1 во 2008 година и стана една од омилените на навивачите и возачите, бидејќи се вози во ноќни услови низ улиците на градот.

Новата сезона во Формула 1 ќе брои 23 трки. Првата е во Бахреин на 20 март. Трката во Сингапур е закажана за 2 октомври.