Шумахер се сели во поранешната вила на претседателот на Реал Мадрид (ФОТО)

По пет години од несреќата на легендарниот Формула 1 возач, Михаел Шумахер, неговото семејство реши да се пресели во Шпанија.

Да потсетиме, Германецот на крајот на 2013. година падна на скијање на Алпите и ја повреди главата, а од тогаш неговата здравствена состојба се крие од јавноста.

Семејството досега живееше во Швајцарија, но сега Корина Шумахер, сопругата на поранешниот возач, купи вила за 30 милиони евра во Мајорка во која ќе се преселат.

Инаку, во таа вила порано живеел претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, и таа се наоѓа на југозапад на шпанскиот остров, а има вкупна површина од 5667 метри квадратни.