Шампионска титула број 7 за Хамилтон: Рамо до рамо со Шумахер

Луис Хамилтон го израмни рекордот на Михаил Шумахер и дојде до својата седма шампионска титула во кариерата, откако триумфираше на денешната трка за Големата награда на Турција. 

Старо-новиот шампион стартуваше од шестата позиција, но беше најдобар на влажната патека крај Истанбул. Тоа беше 73-та победа за Хамилтон во болидот на Мерцедес и постави рекорд за најмногу победи за еден ист тим.

Во последниот круг беше особено интересно зад победникот. Шарл Леклер прво успеа да го мине Серхио Перез за втората позиција, но потоа направи грешка, па Мексиканецот се врати на второто место, а од позадина искористи и неговиот тимски колега од Ферари, Себастијан Фетел, кој финишираше како трет.

Леклер мораше да се задоволи со четвртата позиција, а во поени влегоа и Карлос Сајнц, Макс Ферстапен, Алекс Албон, Ландо Норис, Ленс Строл, кој ја имаше пол-позицијата финишираше како деветти, а Даниел Рикардо беше десетти.