Сензација во Херез: Квартараро ја освои пол-позицијата! (ВИДЕО)

Возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро направи вистинско шоу и сензација на квалификациите за Мото ГП трката во Херез, која се вози за Големата награда на Шпанија, откако ја освои пол-позицијата.

Тој на само 20 години и 14 дена го урна рекордот на Марк Маркез, кој претходно беше најмлад возач, кој стигнал до пол-позиција на 20 години и 63 дена.

Квартараро успеа да извози круг од 1.36.880 и така беше подобар од тимскиот колега Франк Морбидели, кој ќе стартува зад него на трката, која се вози во недела од 14 часот.