Саинц се враќа во болидот на Ферари за трката во Австралија

Шпанскиот возач Карлос Саинц се рехабилитира по операцијата на слепото црево и ќе се врати во болидот на Ферари за трката за Големата награда на Австралија.

„Скај Спортс“ објави дека Саинц се враќа откако на претходната трка во Саудиска Арабија беше заменет од тинејџерот Оливер Берман.

Саинц настапи на првата трка оваа сезона во Бахреин каде што го освои третото место.