Саинц ќе стартува прв во Мексико, ужасен пласман за Пјастри и Перез!

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, која вечерва ќе се вози во Мексико Сити.

Шпанецот имаше врвни перформанси со два извонредни круга во последната квалификациска сесија, единствен постигнувајќи време под 1:16 минути. Тој го надмина светскиот шампион, Макс Ферстапен од Ред Бул, за 0,225 секунди, кој ќе тргне од второто место. Во вториот ред ќе бидат Ландо Норис од Мекларен и Шарл Леклер со вториот болид на Ферари, додека зад нив се возачите на Мерцедес – Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Во првите десет позиции се најдоа и Кевин Магнусен со Хаас, Пјер Гасли со Алпин, Алекс Албон со Вилијамс и Нико Хулкенберг со вториот Хаас болид.

Изненадувачки, возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој доминираше на третиот слободен тренинг, испадна уште во првата квалификациска сесија, заедно со вториот возач на Ред Бул и миленик на локалните навивачи, Серхио Перез.

Трката за Големата награда на Мексико започнува во 21 часот по македонско време.