
Саинц ја прекина победничката серија на Ферстапен
Возачот на Ферари тргна од пол-позицијата, извозе одлична трка, ги одби налетите на конкурентите и на крајот прв ја мина целта.
Во последните кругови дури четири возачи се бореа за победата, на Саинц во врат му дишеа Норис, Расел и Хамилтон.
Расел не го издржа притисокот, удри во заштитната ограда во последниот круг и остана без пласман. Благодарение на тоа Хамилтон се најде на пиедесталот.
На крајот Саинц беше прв, Норис заврши втор, а Хамилтон трет. Ферстапен заврши на петтото место, што е солидно ако се знае дека стартуваше како 11.
Пред Ферстапен беше вториот возач на Ферари, Шарл Леклер. Во бодови уште беа Пјер Гасли, Оскар Пиастри, Серхио Перез, Лиам Лоусон и Кевин Мегнусен.