
Саинц го „пецна“ Хамилтон: Луис не е подобар возач од мене!
Шпанецот три години ги бранеше боите на Ферари во Формула 1, но од следната сезона ќе добие нов предизвик, иако сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.
„Луис Хамилтон не е подобар возач од мене. Да ги прашате и останатите 18 возачи, ќе ви го кажат истото. Доколку го немав тој менталитет, немаше ниту да возам во Формула 1. Сите би ви го кажале истото“, кажа шпанскиот возач.
За талентираниот возач постои голем интерес од неколку екипи, но Саинц сè уште одложува и не потпишува договор со ниту еден од нив.