Рено ќе биде исфрлен од Формула 1 поради – измама?

После завршувањето на последното гранпри во Формула 1, во Јапонија на „Сузука“, Расинг Поинт поднел жалба против Рено поради додавки во кочниците, што не е дозволени со правилникот за натпреварување, па сега ФИА го истражува случајот и францускиот тим може да се соочи дури со – исфрлање од најбрзиот циркус.

Во Расинг Поинт веруваат дека Рено има однапред зададени поставки за кочниците по груг, што не е дозволено со правилникот за натпреварување, а после сослушувањето за случајот, било констатирано дека ќе биде потребно време за да се утврди сето тоа, но и да се направат сите неопходни проверки.

На Рено му се одземени управувачот и контролната електроника на болидот, а откако ќе се извршат сите потребни проверки, главниот судија ќе донесе конечна одлука. Се докажел ли дека има измама, Рено ќе ги загуби деветте бода од „Сузука“, што е најмалиот проблем.

ФИА ќе истражува дали цела сезона францускиот тим мамел, па можно е да се соочат со уште подрастични казни. Првата е да ги загубат сите досегашни 77 бода, но и да бидат исфрлени од Ф1.