Ралф Шумахер со години беше во брак, сега откри дека е - геј!
Тој на социјалните мрежи објави фотографија со својот партнер, Етјен и напиша: „Најубавото нешто во животот е кога покрај себе имаш вистински партнер со кој можеш да споделиш се“.
Ралф Шумахер 14 години беше во брак со Кора Бринкман со која го имаат синот Давид. Тие се разведоа во 2015 година, но продолжија да бидат во добар однос.
Меѓу оние кои му честитаа за храброста на Ралф Шумахер беше и неговиот син, Давид кој му даде комплетна поддршка.
„Многу ми е мило што конечно најде некој со кој навистина се чувствуваш удобно и безбедно. Јас сум 100 отсто зад тебе тато и ти посакувам се најдобро и честитки“, искоментира Давид Шумахер.